Ова е рецептот за сараевски ќебапи

Надалеку прочуените сараевски ќебапи сега можете да ги подготвите дома за ручек и да ги споделите со семејството или пријателите.

Искусните готвачи велат дека подготовката не е ни малку комплицирана, но најважно е месото да биде квалитетно и смесата да отстои некое време.

 
 

Следете го ова упатство и сигурно нема да погрешите.

Состојки:
– 1,5 kg мелено јунешно месо
– ½ kg јагнешко месо
– 4-5 чешниња лук
– 2 лажици сода бикарбона
– За 1 ќебапче потребно е да земете 2% од вкупната количина на месо.

  
 

Месото исечете го на коцки, добро посолете го, измешајте го и прелијте со 100ml вода. Помешајте го и лукот, кој претходно малку ќе го проварите.

Оставете ја смесата да отстои преку ноќ.

Утредента сомелете ја смесата во машина за месо 2 пати и оставете ја неколку часа на собна температура, а потоа повторно ставете ја во ладилник уште неколку часа.

Пред да ги обликувате ќебапчињата, во смесата додајте 2 лажици сода бикарбона.

Испржете ги во тава или на скара.

Исечкајте кромид, додајте буковец и уживајте во сочниот оброк!

ova-e-receptot-za-saraevski-kebapi-zapisete-i-probajte-02.jpg

(186)

loading...

Вашиот коментар