Овошен џем – брза варијанта

Знам дека овошјето најдобро е да се конзумира свежо, но во лето го има на куп за доста ниски цени и што да се прави со вишокот во фрижидер? Џем! Не, не мислам на 100 степени да стоите со часови покрај шпорет и да чекате да се згусне џемот, а притоа вие да се чувствувате како да сте биле во сауна.

IMG_20170609_145304.jpg

 
 

Мислам на некоја брза варијанта, џем што ќе биде готов додека ги подготвувате палачинките за појадок. Овој е таков. Најчесто го правам со јагоди, но бидејќи во периодов веќе јагодите ги има се помалку на пазар, може да се направи со кое било друго овошје (свежо или замрзнато), односно со се што ви заостанало во фрижидер, а не сакате да го фрлите.

Овошен џем – брза варијанта

  
 

Состојќи:

500 г комбинација од овошки (јагоди, вишни, малини, капини… или што ви дава најдобар вкус)

50-70 г кокосов шеќер (или каков било квалитетен кафеав шеќер) или маџун

1 голема лажица пченкарен скроб

2 големи лажици вода

Опис:

Во тенџере се комбинираат овошјето и шеќерот и се загреваат со постојано мешање додека не почне овошјето да се распаѓа (20-ина минути).

Скробот се разматува во водата и се додава кај овошјето.

Се загрева уште некоја минута додека да се згусне. Сепак, нема да се добие густина колку џем, вистинската густина ќе ја добие дури откако ќе се излади.

Се префрла во загреани тегли додека е жежок и се остава еден прст слободен простор. Теглите убаво се затвораат и се оставаат да се изладат на собна температура.

All-focus

Ако се собере уште врел, џемот може да се чува во фрижидер 2-3 недели, а собран врел и во топли тегли, може да се чува и до 2 месеци.

ajdedajademe.wordpress.com

(7)

loading...

Вашиот коментар