Печени ќофтиња со сос од лук

Домашните ќофтиња сега можете да ги приготвите и на малку поинаков начин.

Состојки:
– 400 г мешано мелено месо (состојки за ќофте)
– 1 јајце
– 1 кромид (состојки за ќофте)
– 6 лажици презла (состојки за ќофте)
– 3 лажици вода (состојки за ќофте)
– 2 лажички вегета (состојки за ќофте)
– малку сол, црн пипер и оригано (состојки за ќофте)
– 2 лажици путер
– 2 лажици брашно
– 1 коцка пилешка супа
– 500 мл вода
– 1-2 лажички сув лук (може и свеж)
– малку сол, црн пипер

 
 

Подготовка:
Во блендер ставете го кромидот да се иситни. Потоа ставете ги сите останати состојки потребни за ќофтињата. Блендирајте се додека не добиете компактна маса.

Од смесата формирајте ќофтиња. За да не ви се лепи смесата, рацете намачкајте ги со масло за готвење. Готовите ќофтиња, извалкајте ги во презла, ставете ги на хартија за печење и печете ги околу 15 минути.

  
 

Растопете ја коцката за супа во 500 мл вода. Во сад на оган, растопете го путерот, додадете го брашното и мешајте пола минута. Внимателно сипете ја вода со супа, додадете 2 лажички лук и мешајте се додека не се згусне смесата. Зачинете по желба.

Готовиот топол сос од лук сервирајте го со печените ќофтиња.

Крв да ви се стори!

(25)

loading...

Вашиот коментар