Пилешка чорба

За денешниот ручек ви предлагаме вкусна чорба со пилешко месо и кисело млеко.

Потребно:
1 кг. ситни делови од пиле (килца,вратчиња)
1 главица кромид
2 средни моркови
1 лажица брашно
1 лажиче црвен пипер
1-2 лажички вегета
1 кисело млеко
црн пипер
1 лист ловор
Магдонос

 
 

Подготовка:
Деловите од пилето претходно ги вариме во малку посолена вода.

Кромидот и морковот се пропржуваат на масло, се додава брашното, малку се пропржува и на крај се додава црвена пипер. Кон ова се додава претходно сварените пилешки делови заедно со водата, се додаваат зачините по вкус и се остава да поврие неколку минути(5-10).

  
 

Се трга од оган, се мати едно јајце и во него се додава киселото млеко, го разбиваме заедно со јајцето и го додаваме во сварената чорба. Промешуваме и на крај се додава свеж сецкан магдонос.

Крв да ви се стори!

(27)

loading...

Вашиот коментар