Пилешко со печурки

Секогаш кога сакате да импресионирате некоја драга личност со вашите кулинарски способности, треба да одите со овој рецепт. Лесен е за правење, а пилешкото е едно од најкосумираните меса во светот, па така нема да имате проблеми од типот на “не јадам пилешко“.

Состојки:
1. 4 пилешки гради
2. 100гр брашно
3. 1 лажичка сол
4. црн пипер пола лажичка
5. околу 300 гр печурки
6. маслиново масло
7. 200 гр сос од домати
8. свежо сецкан магданос

 
 

Измешајте го брашното со солта и црниот пипер.

Пилешките гради истолчете ги и откако ќе ги извалкате во смесата со брашно, пржете на загреан зејтин додека не поруменат. Откако се готови извадете ги од тавата на страна. Во тавата каде го пржевте пилешкото, додадете го сосот од домати и мешајте додека да се загрее.

  
 

Потоа додадете ги исечканите печурки и оставете да се крчка на тивок оган околу 10 тина минути. Потоа вратете ги и пилешките гради во сосот и прелијте ги со него. Оставете така покриено на тивок оган уште 10 минути.

Пред крај додадете свежо исецкан магданос и сервирајте.

(266)

loading...

Вашиот коментар