Подгответе вкусно макало од црн патлиџан и кориандер

Ова дефинитивно ќе биде едно од највкусните макала кои сте ги пробале некогаш, а сосема едноставно е за правење.

Состојки
– 2 лажици маслиново масло
– 1 парче лук испасирано
– 4 лажици павлака
– 4 парчиња црн патлиџан поголеми
– кориандер ливчиња ситно исецкани
– сок од лимон

 
 

Подготовка
Испечете ги црните патлиџани на скара. Ако немате електрична скара можете да употребите некое старо тавче и во него да ги печете директно на рингла. Црните патлиџани се печат исто како пиперки, по неколку минути од секоја страна додека малку не поцрнат.

Кога ќе ги испечете ставете ги во пластична ќеса да отстојат малку за да се оладат и полесно да се лупат. Потоа со нож внимателно излупете ги и ставете ги во цедилка да се цедат околу 30 минути.

  
 

Префрлете ги црните патлиџани во сад и испасирајте ги со вилушка или со рачен блендер. Немојте премногу да ги пасирате за да не се добие многу мазна смеса.

Потоа додадете ја павлаката, маслиновото масло, малку сол, коријандерот и малку сок од лимон. Не додавајте премногу лимон за да не го покриете вкусот на црниот патлиџан.

Послужете го макалото со чипс од пченка.

Ако сакате да добиете два типа на макало, поделете ја смесата во два сада и во едната половина додадете малку пире од црвен патлиџан.

(63)

loading...

Вашиот коментар