Полнети домати со фета сирење

Со само неколку состојки можете да добиете вкусен, а здрав ручек. Комбинација на домати, босилек и стопено сирење ретко на кого нема да му се допадне. Ова медитеранско јадење можете да го послужите и како главно, ако сакате лесен оброк. За негова подготовка потребни ви се само 30 минути.

Состојки:
– 6 домати
– 1 лажица маслиново масло
– ¾ шолја издробено фета сирење
– Насецкан свеж босилек и магданос
– Сол и бибер

 
 

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Исечете ги врвовите на доматите и со лажица издлабете ги. Врвовите сочувајте ги на страна. Измачкајте стаклен сад за печење со маслиново масло и доматите рамномерно распоредете ги.

Во посебен сад измешајте ги фета сирењето, босилекот и магданосот. Смесата ставете ја во доматите. Зачинете со сол и бибер и прелејте ги малку со маслиново масло. Поклопете ги со врвовите кои на почетокот ги исековте и печете 10-на минути додека доматите не омекнат, а сирењето да се стопи.

  
 

Крв да ви се стори!

(11)

loading...

Вашиот коментар