Полнето француско лебче

Вкусниот француски багет, сега надополнет со сочни додатоци за вистинско сендвич уживање!

Состојки:
– Француско лебче – 1 векна
– Кравјо сирење – 15 dkg
– Шунка – 15 dkg
– Кашкавал – 10 dkg
– Мајонез – 3 лажици
– Павлака – 3 лажици
– Краставица – 1 свежа
– Пиперка – 1 свежа
– Пченка – ½ мала конзерва
– Вегета, сол, црн пипер и зачини – по желба

 
 

Подготовка:
Лебот исечете го на три или два еднакви дела и со помош на нож внатрешноста испразнете ја.

Пиперката и краставицата исечете ги ситно, а шунката, кашкавалот и сирењето изрендајте ги.

  
 

Во поголем сад ставете го . Измешајте ги состојките, зачинете по вкус и почнете со оваа смеса да го полните лебот.

Лебот замотајте го во фолија и ставете го во фрижидер да отстои 1 час. Потоа расечете го и послужете.

Крв да ви се стори!

(21)

loading...

Вашиот коментар