Потпечени печурки со кашкавал

Ако се размислувате што да зготвите за појадок или вечера без да трошите многу време и пари, а да биде топло и вкусно, тогаш овој рецепт може да го искористите во секоја пригода, па дури и како прилог или мезе на трпезата.

Потребни состојки:
– 50 гр. печурки
– свеж кромид
– едно чешне лук
– неколку гранчиња мајчина душица
– 250 гр. кашкавал гауда
– трошки од 2 парчиња леб
– 4 шаки рукола
– лимон
– маслиново масло.

 
 

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Ставете ги печурките во плех за печење, посипете го лукот и мајчината душица и прекријте ги со тенки парчиња кашкавал. Измешајте ги трошките леб, па додадете ги врз печурките. Печете во рерна околу 15 до 20 минути. Послужете со рукола, прелив од лимонов сок и маслиново масло.

(29)

  
 
loading...

Вашиот коментар