Реформ торта

Секоја вистинска домаќинка знае да направи барем една перфектна домашна торта, а сега ви го претставуваме и рецептот за реформ торта, која ќе ја збогати вашата понуда.

Потребни состојки:
– 12 јајца
– 500гр шеќер
– 300гр мелени ореви
– 200гр чоколадо за готвење
– 300гр путер

 
 

Начин на подготовка:
Ги матите белките со 250 грама шеќер и кога ќе добиете цврст снег додадете ги оревите. Од оваа смеса испечете четири кори. Секоја кора пеќете ја околу 20-25 минути на 180 степени. На пареа, мешајќи постојано, варете ги жолчките со останатиот шеќер и кога жолтиот фил ќе се згусне додадете изрендано чоколадо и мешајте да се растопи. Со оладениот крем филувајте ги корите и премачкајте ја целата торта.

Крв да ви се стори!

  
 

(83)

loading...

Вашиот коментар