Рецепти за домашни, посни колачи

Иако состојките се ограничени, вкусот и декорација не секогаш мора да бидат „сиромашни“.

Кога е време на пости, еве што може да се подготвите и да се засладите без грижа на совест:

 
 

Бомбици со банана и кокос

Потребни состојки:
– 200g кокос
– 2 банани
– 200g шеќер во прав
– 200g посни бисквити, мелени

  
 

Подготовка:
Испасирајте ги бананите. Додадете го шеќерот во прав, па добро измешајте. Ставете половина од кокосот и сите мелени бисквити. Кога ќе добиете изедначена смеса, обликувајте топчиња и извалкајте ги во преостанатиот кокос.

recepti-za-domasni-posni-kolaci-1.jpg

Чоколадни суви сливи

Потребни состојки:
– 20-тина суви сливи
– 3 реда чоколадо за готвење
– 50g мелени ореви
– 50g мелени посни бисквити
– 3 лажици шеќер во прав
– Сок од лимон
– Лажица рум

Подготовка:
Оставете ги сливите во топла вода да омекнат. Исечете ги по должина и извадете ги семките. Измешајте ги мелените ореви, бисквитите, шеќерот во прав, румот и неколку лажички лимон. Со добиената смеса наполнете ги сливите. Истопете го чоколадото со неколку капки вода. Мацкајте ги сливите во стопеното чоколадо и оставете да се оладат половина час.

recepti-za-domasni-posni-kolaci-2.jpg

Лешник гнезда

Потребни состојки:
– 2dl вода
– 200g шеќер
– 150g маргарин
– 100g чоколадо за готвење
– 150g мелени лешници
– 250g посни бисквити, мелени
– Мелени лешници и уште 200g стопено чоколадо за декорација

Подготовка:
Ставете ја водата на оган и додадете ги шеќерот, маргаринот и чоколадото додека не зовријат. Тргнете од шпорет и додадете го кексот и мелените мешници. Кога смесата ќе се олади, формирајте бомбици и направете вдлабнатини во средина со прст, додека не добиете облик на гнездо.

Оладете ги формите па потоа извалкајте ги во мелените лешници и во секое дупче ставете по малку стопено чоколадо.

recepti-za-domasni-posni-kolaci-3.jpg

Чоко шишарки

Потребни состојки:
– 1 маргарин
– 200g шеќер
– 5 лажици мед
– 100g црно чоколадо
– 100g сечкани ореви
– 200g корнфлекс

Подготовка:
Истопете го маргаринот со 200g шеќер. Додадете го медот, чоколадото и оревите. На крај додадете полна кутија корфлекс. Добро измешајте и тргнете од оган.

Малку оладете и вадете од смесата со голема лажица и ставајте во хартиени корпи.

recepti-za-domasni-posni-kolaci-4.jpg

(38)

loading...

Вашиот коментар