Рецепт за вкусна црвена леќа

Се вели дека црвената леќа е многу похранлива и поздрава од обичната, но и да не е така, еве еден прекрасен рецепт по кој можете да ја припремите.

Потребни состојки
– 1 чаша црвена леќa
– 1 главица кромид
– 1 морков
– 2 лажици масло за јадење
– 1,2л вода
– 1 супена лажица брашно
– 1 супена лажица салца од домати

 
 

Подготовка
Во тенџере ставаме масло за јадење и кромид и пржиме на тивок оган. Откако кромидот  ќе добие златна боја, додаваме 1 лажица брашно, 1 лажица салца од домати и мешаме.

Потоа ја додаваме црвената леќа, морковот и повторно мешаме, малку да се пропржат.

  
 

Ја додаваме водата и вариме на тивок оган , додека морковот и леќата не омекнат. Зачинуваме по вкус со сол, мешан зачин и црн бибер.

На крај целата смеса ја матиме во блендер, додека не се добие кремава целина.

По вкус сервирајте со лимон.

(43)

loading...

Вашиот коментар