Сарми од винова лоза

Време е за вкусот на традицијата – домашни превкусни сарми, но во овој случај со листови од винова лоза. Вистински погодок. Ручек за мерак.

Состојки
– 20-30 листови винова лоза
– 300 г мешано мелено месо
– 100 г ориз
– 1 јајце
– 2 кромид
– 2-3 чешниња лук (ситно исечкано)
– 2 домати (или неколку лажици доматно пире)
– малку сол, бибер, мелен ким

 
 

Подготовка
Кромидот исечкајте го на тенки крукчиња. Ставете го во пластичен сад и со рацете стиснете го неколку пати за да омекне. Додадете малку сол, црн пипер и мелен ким. Оризот измијте го и ставете го во садот со кромидот.

Во садот додадете го меленото месо. Смесата добро промешајте ја и додадете едно јајце. Отстранете ги дршките од листовите винова лоза и попарете ги со топла вода. Оставете ги се додека не омекнат и исцедете ги. На средина на листот, ставете 1 лажичка од смесата. Превиткајте ги најпрвин страничните делови, а потоа завиткајте ја во ролна. Постапката повторете ја со сите листови од винова лоза.

  
 

Во сад, на оган, на малку масло за готвење, запржете еден ситно исечкан кромид и лук. Додадете и исечкан домат (или доматно пире). Врз испржениот кромид ги редиме свитканите сарми, налеваме со топла вода (колку да ги покрие сармите) и сармата ја крчкаме барем 35 до 40 минути.

Крв да ви се стори!

(33)

loading...

Вашиот коментар