Селска пита

Сите ја сакаат, а ретко кој знае да ја направи како што треба. Ова е одличен рецепт кој често ќе го практикувате за селска пита.

Состојки:

 
 

За долниот слој:
– 500 гр мешано мелено месо
– 1 главица кромид
– 2 чешниња лук
– 2 моркови
– 1 лажица зачин
– масло
– 1 лажица брашно
– 1 лажица доматно пире
– 2 дл говедска супа од коцка
– мајчина душица, оригано, магдонос, морско оревче
– сол, бибер

За горниот слој:
– 500-600 гр компири
– 30 гр маргарин
– 50-80 мл млеко
– сол
– 100 гр рендан кашкавал

  
 

Подготовка:
Компирите се лупат и се сечат на средно големи коцки или тркалца и се ставаат во сад со солена вода па се варат додека не омекнат.

Додека компирите се варат, се прави слојот од месо: Кромидот, морковот и лукот ситно се сечкаат и на кратко се пропржуваат на масло Кристал. Се додава месото, зачин Кристал, бибер и по потреба сол. Се динста 10-ина минути и се посипува со брашно. Се меша внимателно, да не се направат грутки од брашното. Врс месото се налева веќе подготвената супа од коцка и доматното пире. Се динста уште 10-15 минути или додека не се добие убава кремаста густа смеса.

Целата смеса се префла во намастен сад за печење.

Сварените компири се цедат, им се додава маргарин и млеко и се гмечат додека не се добие пире. Со пирето се покрива слојот од месо.

Се пече во загреана рерна на 200⁰С околу 30 мин. Пред карај на печењето, врз пирето се ренда кашкавалот и повторно се враќа во рерна додека не добие крцкава златна коричка.

Кога ќе се испече, се остава да се излади 15-ина минути и после се сече.

Крв да ви се стори!

(16)

loading...

Вашиот коментар