Совршено тесто за пица и фурнаринки

Барате рецепт за совршено пица тесто кое ќе може да го искористите и за фурнаринки со кашкавал? Имаме еден брз предлог кој може да се модифицира според вкусот и потребата.

Состојки:
– 250ml топла вода
– 2 ¼ лажички сув квасец
– 1 лажица мед или шеќер
– 2 лажички сол
– 2 лажички маслиново масло
– 3 шолји брашно

 
 

Измешајте го квасецот со медот или шеќерот и топлата вода. Оставете 10-15 минути додека квасецот започне да се пени.

Додајте ја солта, маслото и половина од брашното, па добро промешајте. Остатокот брашно додавајте го постепено, додека не добиете меко тесто кое не се лепи.

Кога ќе направите такво тесто, месете го околу 6 минути. Оставете го да нарасне 1-2 часа во сад прекриен со пластична фолија.

  
 

Обликувајте го за пица или фурнаринки и наредете ги намирниците кои ги сакате.

sovrseno-testo-za-pica-i-furnarinki-02.jpg

Ако сакате да направите пица, премачкајте го тестото со доматен сос, нарендајте кашкавал, ставете свежи печурки, салама по желба…

Ако сакате да направите фурнаринки тестото премачкајте го со 2 лажици стопен путер, па додадете кашкавал и сирење по желба.

Тестото печете го на 250 степени околу 10 минути, а потоа исечете го и послужете.

sovrseno-testo-za-pica-i-furnarinki-03.jpg

Идеално за мезе, ручек или вечера…

sovrseno-testo-za-pica-i-furnarinki-04.jpg

(160)

loading...

Вашиот коментар