Старински рецепт за урнебес салата

Познатата урнебес салата претставува вкусен солен гарнир кој сите го обожаваат, а рецептот е прилично едноставен за подготовка и не одзема многу време, па можете да го подготвите како домашно мезе кое сите членови од семејството ќе сакаат да го пробаат.

Потребни состојки:
– 500g полномасно овчо или кравјо сирење
– 10 печени пиперки
– 5 печени лути пиперчиња
– 6 – 7 чешниња лук
– 1 лажица кајмак
– 1 лажичка мелен црвен пипер
– 3 сварени жолчки
– Малку масло
– Сол

 
 

Подготовка:
Во поголема чинија или сад за матење ставете го сирењето и добро згмечете го. Печените пиперки и лутите пиперчиња излупете ги и очистете ги од семките. Потоа ситно исечкајте ги и додадете ги на сирењето.

Лукот исто така изгмечете го заедно со жолчките јајце па додадете ги на сирењето. На целата смеса додадете ги и останатите состојки: мелениот пипер, кајмакот и маслото.

  
 

Мешајте додека не добиете компактна смеса, а потоа посолете по желба. Оваа салата треба да отстои најмалку 3 часа во фрижидер пред да ја послужите.

starinski-recept-za-urnebes-salata-1.jpg

На здравје!

(217)

loading...

Вашиот коментар