Супа од црвена леќа

Супата од црвена леќа е идеален начин да бидете сити без да ја покачите телесната тежина. Имено, една порција од оваа вкусна супа, богата со диететски влакна кои заситуваат, има само 200 калории.

Состојки:
– 2 големи лажици маслиново масло
– 1 виолетов кромид
– 4 чешниња лук, иситнети
– 3 стебленца целер, ситно насечкан
– 1 ½ шолја домати, ситно сечкани
– 1 ½ шолја леќа
– половина шолја магданос, насечкан
– сол и бибер

 
 

Подготовка:
Загрејте го маслиновото масло на умерен оган. Додадете го насечканиот кромид, лук и целер. Сите состојки мешајте ги на оган, сè додека не омекнат. Приближно 6-8 минути.

Засилете ја температурата и додадете ги доматите. Кратко промешајте и додадете ја леќата заедно со 6 шолји вода. Кога супата ќе проврие, намалете ја температурата и оставете полека да се вари 20-25 минути. На крајот, додадете го магданосот и зачинете со сол и бибер по вкус.

  
 

Крв да ви се стори!

(188)

loading...

Вашиот коментар