Тирамису торта

Надалеку познатата тирамису торта сега ќе можете да си ја приготвите во секое време и секаде.

Потребни состојки за кората:
– 3 јајца
– 80 гр брашно
– 20 гр инстант кафе
– 40 гр какао во прав
– 100 гр шеќер
– половина кесичка сув квасец

 
 

Потребни состојки за кремот:
– една кесичка шлаг крема од ванила
– 0,5 дл слатка павлака

За декорација:
– 250 гр пишкоти
– 2,5 дл јако слатко кафе
– шарени мрвици

  
 

Подготовка:
Пенесто изматете ги јајцата со шеќерот, па постепено додавајте ја мешавината од брашното, квасецот, какаото и инстант кафето. Мешајте полека со дрвена лажица за да не ви спласне смесата. Печете во округол плех кој претходно го намастивте и го посипавте со брашно. Печете околу 30 минути на 180 степени.

За тоа време по упатството изматете ја шлаг кремата, додајте ја слатката павлака и соединете ги смесите. Испечената и изладена кора пресечете ја хоризонтално на два дела. Премачкајте ја едната кора најпрво со кафето па потоа со филот, па ставете ја другата одозгора и таа премачкајте ја. Ставете ги пишкотите околу целата торта исправено и одозгора завршете ја декорацијата со мрвици.

(13)

loading...

Вашиот коментар