Чоколаден ролат со банана и бисквити

Вкусниот ролат збогатен со сочниот шмек на овошје е идеален за сите љубители на слатките, од најмлади до најстари. Се подготвува брзо, лесно и без печење.

Потребни состојки:
– 250g маргарин
– 300g мелени бисквити
– 150g шеќер во прав
– 4 јаболка
– 3 пасирани банани
– 4 цели банани
– 100g чоколадо за глазура
– 1 лажица масло

 
 

Подготовка:
Изматете го маргаринот со шеќерот во прав, па додајте ги мелените бисквити. Добро промешајте и соединете ја смесата, а потоа додадете ги ренданите јаболка и пасираните банани. Соединете ја смесата, па раширете ја на фолија како тесто.

Поделете ја на 2 еднакви дела, а во средината на секој дел ставете по две цели банани. Замотајте во форма на ролати и ставете ги во ладилник неколку часа, додека се стврднат.

  
 

Пред послужувањето, ролатот премачкајте го со растопено чоколадо во кое ќе додадете 1 лажица масло. Декорирајте по желба.

(27)

loading...

Вашиот коментар