Јуфки со павлака

Сигурно кога ќе го пробате ова јадење ќе се сетите на снаодливоста на вашата баба, која иако во моментот немала полн фрижидер со храна, успевала да ви подготви супер вечера. Кога немате ништо конкретно за јадење, можете да направите одличен оброк со основните состојки, кои сите постојано ги имаме.

Запомнете, големината на секоја домаќинка/домаќин е да биде снаодлив/а и од ништо да направи нешто.

 
 

Состојки:
– 50 гр путер
– 200 гр кисела павлака
– 2 кг јуфки
– 2 јајца
– 250 гр кравјо сирење

Подготовка:
Јуфките се варат во солена вода, потоа се процедуваат и се измиваат со ладна вода. Се враќаат во садот на тивок оган, се додава путерот и се промешуваат.

  
 

Во огноотпорен, со масло за јадење подмачкан сад за печење, се редат ред јуфки, ред кисела павлака, измешана со јајцата и потоа ред сирење. Редете ги така, сѐ додека имате состојки.

На крај прелијте со павлака и јајце. Печете во загреана рерна околу 20 минути.

Крв да ви се стори!

(30)

loading...

Вашиот коментар