Ќофтиња од грав

Овој специфичен рецепт пријатно ќе ги изненади вашите домашни или гости, а вас ќе ви даде голема слобода на изразување и простор да бидете креативни.

Состојки:
– 250 гр грав
– 1 пиперка
– 1 компир
– 1 главица кромид
– 1 лукче
– 3 лажици презла
– 1 шолја соја трошки

 
 

Подготовка:
Гравот се вари во вода, на вообичаен начин, откако прво ќе накисне, а потоа се пасира и му се ставаат сојните трошки.

Компирот се вари, се ренда, лукот и ромидот ситно се сечат, се се додава во гравот, а потоа се меша.

  
 

Се остава смесата петнаесетина минути во ладилник, па се прават од неа плескавички, се валкаат во презла и се пржат.

Крв да ви се стори!

(92)

loading...

Вашиот коментар