5 рецепти од баба за вкусен домашен ликер

Овошните ликери се нешто на кое навистина ретко кој може да одолее. Традиционално направени, главно од свежо, но понекогаш и од суво овошје, тие уште одамна биле една од „зимниците“ која жените ја подготвувале.

За да добиете добар ликер, најважно е да имате квалитетно овошје – зрело и сочно. Колку повеќе овошја имате, толку вкусот на ликерот ќе биде поинтензивен.

 
 

За почеток, можете да направите некој од следниве рецепти, а во иднина слободно експериментирајте со сè она кое ви се допаѓа…

Јаболка со цимет

  
 

Состојки:
1 kg јаболка
5 dl вотка
5 dl коњак
2 dl вода
200 g шеќер
стапче цимет
1/2 кора од лимон
2 каранфилчиња

Начин на подготовка:
Исечените јаболка прелијте ги со вотка и коњак и чувајте ги на ладно место 4 недели. Прелијте со изладен шеќеров сируп, па оставете да отстојат уште 4 недели. Процедете го ликерот и додадете ги останатите состојки.

Ликер со банана

Состојки:
1 kg исчистени банани
кора и сок од лимон
кора од портокал
125 g шеќер во прав
8 dl вотка

За сируп:
1 kg шеќер
1, 25 l вода

Начин на подготовка:
Згмечете ги бананите и прелијте ги со сок од лимон. Додадете шеќер, кора од лимон, кора од портокал, вотка и убаво измешајте. Оставете да отстои 2 недели. Процедете ги бананите, додадете го изладениот шеќерен сируп, па повторно измешајте и процедете.

Ликер од шумско овошје

Состојки:
1 kg шумско овошје
1/2 kg шеќер
1 l ракија

Начин на подготовка:
Добро измијте го и исушете го шумското овошје. Измешајте го со шеќерот и ставете го во тегла. Додадете ракија, затворете и оставете да стои на сонце шест недели. Одвреме-навреме добро протресувајте ја теглата.

Потоа, процедете го ликерот во шише и добро затворете го. Оставете го да отстои уште еден месец.

Ликер од мандарини

Состојки:
кора од 20 мандарини
1 l лозова ракија
800 g шеќер
1 l вода

Начин на подготовка:
Ставете ги корите од мандарини во шише со широк отвор. Додадете ја ракијата и оставете да стои пет недели, така што повремено ќе го протресувате шишето. Направете сируп од водата и шеќерот, оставете да се излади и додадете го во процедената ракија. Претурете го ликерот во шише.

Зачинети крушки

Состојки:
1-3 круши
1 l вотка или бел рум
300 g шеќер
1 стапче цимет
неколку каранфилчиња
кора од лимон
малку морско оревче

Начин на подготовка:
Избоцкајте ги крушите со виљушка и ставете ги во тегла. Додадете шеќер, зачинете ги и прелијте ги до пола со алкохол. Оставете ги на сонце две недели. Додадете го преостанатиот шеќер и алкохол, промешајте и оставете да отстојат уште 6 недели.

Наздравје!

(215)

loading...

Вашиот коментар