| 09.01.2018. ЗДРАВА ХРАНА

Факт е дека сите сакаме да се храниме здраво, но понекогаш недостаток од време или пари можат навистина да нè спречат во таквата намера.

Ако мислевте дека јадењето надвор е надобрата опција за деновите кога сте во вистинска трка со времето, размислете повторно.

Следните брзи рецепти ќе ви покажат како да подготвите брз и здрав оброк за само неколку минути. Идеални вечери за оние кои внимаваат на линијата:

 
 

Зелен сок

Зелениот сок е богат со хранливи состојки и антиоксиданси кои навистина се корисни за вашето тело. Ставете во блендер зелено јаболко, малку ѓумбир и листови спанаќ. На крајот додадете малку цимет и уживајте.

5-zdravi-obroci-koi-mozete-da-gi-podgotvite-za-samo-nekolku-minuti-02

  
 

Ленено семе

Лененото семе помага во правилното варење на храната и чистењето на телото. Потопете половина чаша ленено семе во топла вода, потоа добро измијте го и додате ладна вода, кафеав шеќер или мед и неколку капки лимон.

5-zdravi-obroci-koi-mozete-da-gi-podgotvite-za-samo-nekolku-minuti-03

 
loading...
 

Гаспачо

Гаспачо претставува ладна супа од домати, која ќе ја подготвите така што ќе ставите еден излупен, изгмечен домат во чаша вода, неколку парчиња црвена и зелена пиперка, сол и бибер, малку лук и една лажичка куркума. Ако сте љубител на силни вкусови, додадете и малку црвен кромид.

5-zdravi-obroci-koi-mozete-da-gi-podgotvite-za-samo-nekolku-minuti-04

Природна гранола

Можете да направите сопствена гранола без хемиски конзерванси со само неколку состојки: Измешајте кикирики, овес, јагоди, банана, лешници и малку мед и имате вкусен оброк.

5-zdravi-obroci-koi-mozete-da-gi-podgotvite-za-samo-nekolku-minuti-05

Коктел од јаткасто овошје

Направете коктел од бадеми, ореви, лешници и додадете малку суво овошје и веднаш ќе добиете оброк полн со антиоксиданси и омега 3 киселини.

5-zdravi-obroci-koi-mozete-da-gi-podgotvite-za-samo-nekolku-minuti-06

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени