| 14.09.2017. ПО ДОМА

Во некоја земја каде живееле глупи луѓе, наречена Глупардија, некој патник ја шетал земјата за да види какви се’  глупости прават луѓето. Така шетајќи наидел на некои луѓе како со черга (ќебе) влегуваат во куќата, излегуваат и пак влегуваат во куќата за цело време носејќи ја чергата. Му станало чудно па ги прашал што прават. Тие му одговориле: Ете со чергата го фаќаме сонцето во дворот и го носиме внатре во куќата за да имаме сонце и внатре, но никако да го внесеме. Патникот им рекол: А бре луѓе, кога сакате сонце излезете надвор и грејте се колку што сакате, а внатре не можете да го внесете и не трудете се, тоа е непотребно.

Одејќи понатаму во земјата видел некои луѓе како плачат и ги прашал зошто плачат. Тие му одговориле: А бе човече, снаата ни е бремена и секој ден ќе се породи. Ете овде до вратата ќе ја ставиме лулката со бебето, а види горе стои секирата која може да падне врз лулката и да го убие бебето, како да не плачеме. Патникот им рекол: А бре луѓе, тргнете ја секирата и ставете ја на некое друго место и нема да има никаков проблем, за да падне и да го убие бебето што уште не е родено а треба да се роди.

И така шетајќи патникот стигнал и во Македонија. Овде сретнал некои загрижени луѓе како лелекаат на цел глас, па ги прашал зошто лелекаат. Види бе пријателе, кај нас ќе дошле над 100 илјади емигранти а Владата ќе градела станови за да ги смести и насели во Македонија. Па добро бре луѓе, пак ги прашал патникот, од каде ви е таа информација дека ќе дојдат, и кога ќе дојдат, толкав број на емигранти, дали Владата има толку пари да изгради толку станови,  да смести и вработи над 100 илјади емигранти, тоа не може да го направи една Германија а не пак Македонија! На тоа луѓето му одговориле: Така ни кажува  нашиот „Грујче„  и на него му веруваме, а не му веруваме во она што Заев го кажува дека населување на емигранти било нереално. Еве во 17 општини граѓаните барат,  а во некои се одржаа,  референдуми   во кои граѓаните се изјаснуваат дали се  ЗА или Против населување на емигранти во нивната општина.

 
 

Патникот не можел да се изначуди на лековерноста и глупоста на луѓето во Македонија, се насмеал, па си рекол сам на себе си: Подобро е овие луѓе да одржат  референдум со едно прашање – Дали Никола Груевски и раководството на ДПМНЕ се нормални луѓе или се ненормални, да одговорат со НЕ,  НЕ СЕ НОРМАЛНИ или со ДА, НОРМАЛНИ СЕ! И така патникот си продолжил да патува и се чуди што и во Македонија во 21 век се случуваат исти глупости како и во земјата ГЛУПАРДИЈА …

Еве ја дел од изјавата на Никола Груевски, во врска со емигрантите: „… Сите ние сочувствуваме со тие мигранти и сакаме да им помогнеме доколку поминуваат како транзит во Македонија, а и тие не сакаат да се задржат во Македонија затоа што бараат земја која што е побогата, ќе им пружи подобри услови, но намерата на Владата за да се додвори некаде е да прими голем број на мигранти, се шпекулира со бројката од над 100.000 луѓе е таква што сосема можам да ја разберам реакцијата на граѓаните, а најмногу можам да разберам тоа што не веруваат во единствениот аргумент кој го кажуваат е дека тоа било нереално.„

(104)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Душан Димитров
Livada.mk е концепт на портал/блог каде сите поединци или организации може да објавуваат свои колумни, анализи, отворени писма, искуства, патеписи, хроники, поезија, раскази, рецепти, да објават некој настан во најава или некое свое аматерско или професионално видео. Ги очекуваме вашите материјали преку овој линк за да ги објавиме.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени