Белата куќа на Доналд Трамп брзо одговара на разните светски предизвици. Единствен исклучок е рускиот претседател Владимир Путин, чија влада Трамп сѐ уште јавно не ја осудил, пишува Фрида Гитис за Си-ен-ен.

„На Трамп му беа потребни неколку дена за да се огласи околу прашањето со обидот за атентат со нервен гас врз поранешниот руски шпион Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка на британско тло.

Трамп во четвртокот од Овалниот кабинет изјави дека „во секој случај изгледа дека зад тоа стојат Руси“. Во меѓувреме Москва ги негира сите обвинувања.

 
 

„Трамп инаку исклучително умешно одбива да дава какви било изјави кои би можеле да се сфатат како критика на Путин. Трамп рускиот претседател го фали на цел глас и очигледно му е непријатно кога мора да му се спротивстави. Фактот што Трамп толку долго избегнуваше да ја критикува Русија особено зачудува ако се има предвид тоа што односите меѓу американскиот претседател и Русите се одамна под микроскоп во САД.

Така претседателскиот мандат на Доналд Трамп веројатно зависи од резултатите на истрагата околу неговата соработка со Русија за време на последните американски претседателски избори. Според тоа, Трамп знае дека не смее да остави погрешен впечаток околу Русија.

Меѓутоа, тој кон Русија сѐ уште се однесува крајно внимателно, иако не се воздржува од користење навредливи епитети и скандалозни закани на сметка на други“.

  
 

„Британската премиерка Тереза Меј за време на драматичното обраќање пред британскиот парламент јавно кажа дека зад нападот врз рускиот шпион во Обединетото кралство најверојатно стои руската влада.

Меј потврди дека при атентатот е употребен нервен гас од руско производство. Путиновите критичари често завршуваат мртви. Во Британија пред неколку години со радиоактивен плутониум беше убиен поранешниот руски агент и дисидент Александар Литвиненко, а британската истражна комисија откри „силни индиции“ дека зад нападот стои „руската држава“.

Портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс веднаш го осуди нападот во Британија, но не сакаше да одговори на прашањето дали зад него стои Русија.

 
loading...
 

Трамп во четвртокот избегна да одговори на тоа прашање, изјавувајќи дека „ќе ја осуди Русија или кој било друг“ кога ќе бидат собрани доволно докази за извршителот.

Во меѓувреме, Русија остро ја осуди американскиот државен секретар во заминување Рекс Тилерсон, нарекувајќи ја земјата „неодговорна глобална сила која отворено не го почитува суверенитетот на другите држави и животите на своите граѓани“.

Трамп на Тилерсон само неколку часа потоа му даде отказ, што го забележаа и новинарите низ светот. „Трамп е наш!“, изјави руската новинарка Олга Скарабеева на руската државна телевизија. Критиките на сметка на Трамповата воздржаност за нападот врз Скрипаљ да ја обвини Москва доаѓаат од сите страни. Американците од двете страни на политичкиот спектар сѐ погласно негодуваат бидејќи САД долго време избегнува да ѝ наметне санкции на Русија, иако американскиот Конгрес тие санкции речиси едногласно ги одобри.

„Трамп за Русија конечно се огласи во четвртокот, а неговиот говор од Овалниот кабинет претставува тактичка промена на ставот на САД.

На Трамповата изјава непосредно ѝ претходеше наметнување на долгоочекуваните санкции на Русија поради мешањето во американските претседателски избори во 2016.

САД истовремено ја потпишаа изјавата на француските, германските и британските лидери во која тие едногласно го осудија нападот врз Скрипаљ и се сложија дека за него „многу веројатно“ е заслужна Русија. Во изјавата од Русија беше побарано да поднесе целосен извештај за својата програма „Новичок“.

Трамповата новопечена спремност да ѝ се спротивстави на Русија е добродојдена промена за безбедноста на САД и НАТО алијансата. Меѓутоа, прашањето зошто Трамп, кој е инаку без влакна на јазикот, се претвора во кукавица кога треба да се осуди Путин, сѐ уште стои“, пишува Гитис за Си-ен-ен.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени