| 29.12.2017. ПО ДОМА

Сигурно сте слушнале за верувањето дека на новогодишната ноќ би требале да носиме црвена долна облека бидејќи тоа ќе ни донесе среќа во новата година. Но од каде е ова верување?

Станува збор за верување кое потекнува од Италија, но брзо се раширило низ Европа. Првичното верување да се носи црвена долна облека било поврзано со верувањето дека на тој начин ќе си обезбедиме љубов и сраст во претстојната година, но денес тоа се однесува воопшто на среќата и на животните задоволства.

Сепак, овој обичај има и неколку дополнителни работи на кои треба да внимаваме. Имено, црвената долна облека која ќе ја носиме на 31-декември, не треба сами да си ја купиме туку да ни биде подарок. А оние пак кои сакаат да се држат до сите правила на ова верување, откако ќе се вратат дома по новогодишната прослава, треба да ја фрлат црвената долна облека која ја носеле и на неа да заборават бидејќи само така ова „волшепство“ ќе делувало.

 
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени