Кога им кажувам на луѓето дека сум роден во Узбекистан, тие обично велат дека сум првиот Узбекистанец што некогаш го запознале. Исто како што тие признаваат дека не можат ниту да именуваат ниту еден Узбекистан. Загрижен сум дека ужасниот терористички напад во Менхетн во вторникот од страна на Сајпло Саипов, узбекистанец, ги смени тие работи на полошо.

Претседателот Трамп меѓу другото, за нападот ја обвини и лотариската визна програма на Стејт Департментот, преку која Саипов влезе во оваа земја и повика на нејзино укинување. Лотаријата има неколку предуслови, но апликантите мора да доаѓаат од земји со малку имиграција во Америка. Би било штета ако ја елиминираме. Програмата и овозможи на мојата фамилија и безброј други имигранти да напредуваат. Згора на тоа, таквиот потег ќе значи дека Америка губи шанса да се бори против екстремизмот ширум светот со дефинирање на нејзините вредности под сопствени услови, наместо да им дозволи на своите непријатели да го сторат тоа.

Имав само две години кога моето семејство започна нов живот во едно предградие на Атланта. Нашето домаќинство беше типично американско, ако се мисли на културните движења. Како и многу други момчиња, јас не сакав ништо повеќе од играње попладневни бејзбол партии во саботи, во нашиот локален парк и будење рано во неделите за дополнителни тренинзи со татко ми. Но, децата, исто така, ме омаловажуваа и ми се потсмеваа, особено по нападите на 11 септември, поради моето муслиманско име. Ова го задржував за себе, што исто така прават и речиси две третини од децата кои се малтретирани.

 
 

Отсекогаш сакав да бидам колеџ безбол играч и беше воодушевен кога представниците од колеџот Оберлин во Охајо тропнаа на вратата. Таму бев студент-атлетичар и постигнав најмногу посакувана награда меѓу имигрантите: американско колеџ образование. Преку напорна работа и малку повеќе од среќа, добив стипендија од Родос и јас сум во мојата последна година на постдипломските студии на Универзитетот во Оксфорд.

Моите родители ја поставија основата за мојот успех. Тие ги посветиле своите животи на јавниот сервис, огромен дел од своите кариери, освен првите неколку години додека го усовршат англискиот, работат во Центарот за контрола на болести и превенција. Во 2015 година тие дури и отпатуваа за Сиера Леоне, епицентарот на епидемијата на ебола, за да помогнат во забавувањето на ширењето на вирусот.

Приказната на моето семејство нема да биде возможна без визната програма. Повикот на претседателот Трамп да стави крај на тоа не прави ништо за зајакнување на нашата национална безбедност. Владата на Узбекистан доброволно ни помогна да се бориме против тероризмот. Понатаму, луѓето кои влегуваат во САД преку програмата за виза за разновидност, подложни се на темелни проверки. Иако сега знаеме дека Саипов ги поминал без црвени знамиња, тој, наводно, беше радикализиран додека се наоѓал во Америка, а не порано, феномен кој никаква проверка неможе да го детектира.

 
 

Програмата за виза, исто така, треба да се зачува бидејќи, за многу луѓе од целиот свет, роднина или сосед кој успеал да имигрира во САД, е нивната единствена автентична врска со земјата. Ова сигурно важи и за моето семејство. Во време кога постојат групи кои се движат од сржавно спонзорирани медиуми до терористички организации кои ги брендираат САД како “Големата Сатана”, Америка не може да си дозволи да го сврти грбот на можноста да се прикаже како отворена, толерантна и разновидна нација.

Најважно, Америка е обврзана да си се доживува како сјаен град високо на ридот за емигрантите аспиранти од целиот свет. Земјата отсекогаш служела како место каде што луѓето биле ограничени само од границите на нивните имагинации или обемот на нивните соништа. Никој нема поголемо право за остварување на американскиот сон од било кој друг, и тоа би било уникатно не-американски за систематски да ги исклучат жителите на некои нации.

Ние се соочуваме со бројни сложени предизвици како за имиграцијата така и за националната безбедност. Како што се соочуваме со нив, сепак, мораме да запомниме дека во Америка, ти си помалку дефиниран од каде си дојден и повеќе си дефиниран според тоа каде одиш.

 
loading...
 

Махмуд Махмудов, узбекистански емигрант во Америка

(55)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени