Како во секоја земја во Европа, исто и во Соединетите Американски Држави – Полска веќе долго време има екстремно десна, неофашистичка маргина. Но, за времето на две и пол децении што следеа по падот на комунизмот во Полска, полските неофашисти никогаш не беа доволно бројни за да бидат сфатени сериозно. Дури и кога почнуваа пред неколку години, да маршираат на 11 ноември, Полскиот ден на независноста – ден кога официјалните церемонии веќе вклучуваа национални знамиња, патриотски песни, па дури и луѓе облечени во униформи од Првата светска војна – никој не размислуваше многу за неколку стотини фудбалски хулигани на маргините.

Оваа година се појавија 60.000 “патриотски” марширачи. Иако не сите се неофашисти, повеќето вклучени во маршот (главно) мажи, маршираа под имињата на предвоените националистички групи и зад расистички слогани: “Бела Европа” или “Европа ќе биде бела” или “Чиста крв”. Обидувајќи се да го прикаже маршот како нормално патриотско воодушевување, полската државна телевизија интервјуира еден од учесниците во живо на камера, прашувајќи го весело зошто дошол. “За да ги избркаме Евреите од моќните позиции”, изјави тој – чуден одговор за провладиниот новинар, кој брзо продолжи понатаму.

Што се промени? Одговорот е делумно поврзан со актуелната популистичко-националистичка владејачка партија, Право и Правда, која го поздрави и охрабри маршот во саботата како “патриотска” акција, иако партијата знаеше кој стои зад него. Полската полиција, откако беше обучена да ја заштити јавноста од неофашистите, овој пат уапси 50 членови на продемократска група која спроведе контра протест, иако тие не направија ништо за да ги спречат “патриотите” да претепаат друга група контра-демонстранти. Државните медиуми, кои сега се гласноговорник на владејачката партија, опсежно и позитивно го опфатија маршот. До ова пишување, ниту еден висок владин политичар јасно не ги осуди слоганите или организаторите.

 
 

Многу ми е жал што морам да кажам дека одговорот има и врска со дел од полската католичка црква. Иако повеќето од постарите црковни хиерархии ги осудуваат радикалните слогани и групи, постојат неколку свештеници кои го поттикнуваат неофашистичкото делување. На денот на маршот, една полска жена известила дека влегла во црква каде што мажите носеле ленти со обележани политички симболи на екстремната десница. Таа истакнала знаме со цитат од полскиот папа Јован Павле Втори: “Расизмот е грев”. За возврат, била бесрамно исфрлена од црквата.

Меѓутоа, меѓународниот контекст исто така се промени. Денес, неофашизмот и отворениот расизам повеќе не се на маргините на националните партии. Благодарение, како последица на Европа без граници за која тврдат дека ја мразат, тоа се сега меѓународни движења. Големи контингенти на унгарски, словачки и италијански неофашистички групи дојдоа во Варшава за да се приклучат на маршот; за прв пат, меѓународните алт-десни тролови, исто така, активно го поддржуваа маршот на Твитер и на други места, “алт-десно” сега е модерен звучен термин за неофашистите. Постои и руски агол, иако малкумина во оваа полска влада сакаат да го признаат тоа. Исто како и насекаде на други места, постои руска поддршка за најразлични екстремно десни елементи во полската политика, особено на интернет. Полскиот министер за одбрана, кој е особено гласен “патриот”, има и некои чудни руски врски.

Конечно, некои од тие марширачи исто така веруваат дека ја имаат поддршката од САД. Говорот на американскиот претседател во Варшава пред неколку месеци беше делумно напишан од советници кои го разбираат јазикот и размислуваат за алт-десницата и како што напишав во тоа време, владејачката партија тоа го разбра како печат за одобрување. Како и нивните другари во Шарлотсвил, неофашистите во Полска сметаат дека анти-исламскиот јазик на претседателот Трамп е наменет да ги охрабри и нив.

 
 

За сите оние кои се вклучени во полската политика само повремено, ве молам да го погледнете поширокиот контекст: Групите кои се прикажаа толку агресивно во Варшава во саботата не се мнозинство во Полска. Тие не се ни значајно малцинство. Тие се радикална група која одеднаш се чувствува овозможена и охрабрена од новите услови во нивната земја, во Европа и во светот. Но, дури и ако тие не го поставуваат тонот за јавениот живот, во Варшава – град кој беше уништен од фашисти, каде што старите згради се уште се изопачени со дупки од куршуми од фашистички пушки; град кој исто така сега е домаќин на најамбициозниот и најпрекрасниот еврејски музеј во Европа – нивното ново чувство за правдина и наследство е навистина шокантно.

Ан Апелбаум

(201)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени