Последен пат кога поминав низ прописно раскинување, имав Nokia 3210 и тоа не го кажувам на ироничен начин. Јас и мојата пријателка Алис го гледавме Госфорд Парк мамурни во куќата на моите родители, столиците залепени многу блиску до телевизорот, а мене двапати ми се слоши, па потоа спиев една недела. Тоа беше тешко и сега кога мислам на тоа чувствувам две работи: ужасно ми е жал за девојчето која бев, жална јас со девојчешка фризура обидувајќи се да не плачам на Topshop реклами и исто така многу ми е мило што тоа не се случи сега, бидејќи тогаш раскинувањата беа концизни и изолирани и нешто сосема мирно.

Како и повеќето работи во 2017 година, раскинувањата се слика и прилика. Денес тие се драматични и јавни, се одвиваат во сеирџискиот пекол на Инстаграм, каде живописен коктел е шифра за “Јас веќе те заборавив”, а цели викенди се губат во длабоко нуркачките мисии низ тажните постови каде се бара каде е тагнат бившиот. За врски што започнале по телефони, сосема пригодно е и да завршуваат таму.

Апликациите постојат за да им се помогне на сопствениците на телефон со скршени срца да го преболат раскинувањето, без разлика дали со блокирање на сите повици до бившиот кога ќе падне мрак или, како што е со Let’s Mend, нудејќи ви “личен ментор за раскинување”. Стапките на развод се највисоки од 1985 година наваму, така што не е чудо што има кампови за оние зависните од мобилни и мизерни. Ова е просперитетна индустрија и исто така и профитабилна, како што се чини дека раскинувањата еволуираат дури и додека го пишувам овој текст. Само погледнете во Музејот на пропаднати врски, нов каталог на фрагменти од изгубени врски на непознати.

 
 

На Хаваи, еден човек беше суден за кршење на наредбата за неконтактирање на својата поранешна девојка, испраќајќи и 144 непријатни смс пораки. Покрај паричната казна, служба во заедницата и одлежано време во притвор, судијката, Ронда Лу, му наредила да напише 144 комплименти на неговата бивша. “За секоја непријатна работа што сте и ја кажале на неа, сега ќе речете убава работа. Нема повторувачки зборови”, му рекла судијката Лу. Нема повторувачки зборови! И сега он ќе почне најверојатно со основите – бојата на очите, нејзината ментална аритметика, а потоа ќе се најде стигнат до број 140 како стои во нова паника на некоја автобуска станица, размислувајќи, размислувајќи за неа на начин на кој никогаш порано не размислувал за никого во животот, со почит што ти го скокотка јазикот, како Харибо.

“И се восхитувам на твојата доверба, за која докази видов на задната страна од пликот каде што си шкрткала некои линии, толку цврсти што го оставиле срцето врз самата сметка … Имаш способност да пишуваш поплаки на е-маил толку прецизно што нашата кабловска беше заменета во рок од 24 часа, а WiFi-то поправено за два часа… Твојата насмевка е како централно греење…”

Минатата недела авионот на Катар Ервејс непланирано слета во Ченаи, Индија, откако една жена го искористила палецот на заспиениот сопруг за да му го отклучи телефонот и да открие дека има афера. Раскинувањето неколку километри во воздух сигурно си доаѓа со свои уникатни драми, но исто така, неизбежна била и драмата за оние кои се на земјата, од типот “Не е достоен за тебе, мила”, расшмркана од солзи вели таа “Може да си го пикне своето извинување во газот и да го извлече повторно преку носот, кој е достапен само поради ножичките за потстрижување на носни влакна, што му ги купив во јуни”, “Ве молам кажете и на жена ми дека тоа беше само еднаш ипол, што се случи само затоа што моите емотивни потреби не беа исполнети дома. Таа е студена како Саутпорт.”

  
 

Кога слетале, двојката била испратена да чека во притворскиот центар на аеродромот, каде што сигурно една монодрама ја довело униформираната публика во чекор со нивното бурно минато, завршувајќи во зори со кашмирниот момент кога нивните очи за првпат се сретнале, а тие се појавиле на светлото утринско сонце во Ченаи завиени во вид на љубов што може да се најде само откако екипажот на летот буквално мора да ве уапси и имобилизира.

Во нивното јадро сите раскинувања се исти, и ќе останат такви. Тие секогаш ќе прават да се чувствувате како некое стакло внатре во вас да разнебитува, а ние секогаш ќе наоѓаме начини како да направиме нагли потези, за да се повредиме дополнително. Но, иако раскинувањето останува исто, културата околу нив се менува, малку повеќе гнев, малку помалку приватност, чувството дека никој досега не се чувствувал толку лошо како што ви е на вас денес и знаењето, дека со гуглање тоа дефинитивно не е случај…

Ева Вајсман – Гардијан

 
loading...
 

(148)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
23.11.2017. Ливадџија
22.11.2017. Ливадџија
23.11.2017. Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени