| 16.08.2017. ПО ДОМА

Дарко Димовски е новиот синдикален лидер на ССМ, а досегашниот, Живко Митревски е разрешен од функција. И во секоја демократска и правна држава, ова треба да биде обична вест. Кадровска промена која што, согласно со донесени одлуки и издадени решенија, согласно со законски регулативи, се ефектуира дури и свечено со примопредавање на функцијата. Но, зошто наместо пријателски испиено кафе, толкав „циркус“, предизвика Митревски?

Која е заднината на отпорот, која е цената на ангажираното обезбедување, кој е бенефитот од оваа функција и позиција во недемократско и руинирано по сите шавови општество, какво што беше македонското до 30 мај годинава? Кој беше најголемиот мотив на Митревски што не сакаше со месеци откако беше донесено решението, да ја предаде „синдикалната“ власт?

Неговата смена беше логична и очекувана, а требаше да се случи со години порано. Зашто, борбата за работнички права од 2010 година, откако е именуван за прв човек на ССМ до денеска, не бележи напредок. Ниту администрацијата, ниту војската, ниту полицијата, ниту правосудството…, ниедна сфера не извојува посебно значајни битки во времетона владеењето на Митревски.

 
 

Наместо заложби за целосна имплементација на Законот за работни односи, наместо почитување и примена на колективните договори, работничкото движење во Македонија, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) со Митревски на чело – цели 7 години го стави во мирување протестот.

Партизираниот и гломазен државен апарат, наместо на синдикалните протести, беше јадро на партиските контрапротести, на кои секој учесник ја потврдуваше својата лојалност кон кликата на експремиерот, Никола Груевски!

Нестручен кадар вдомуван во институциите, неостварување на минималната плата од околу 9.000 денари во сферата на текстилната, градежната, кожарската индустрија… Максимална експлоатација на работникот во приватните фирми, особено во странските инвестиции, најавувани на големи ѕвона од поранешната власт…

  
 

Политички мобинг, откази по партиска основа… Овие е само дел од „филигранот“ на власта на Груевски -синоним за самоволие, злоупотреби, криминал и корупција.

А, во целата оваа констелација, ССМ што по дефиниција е антипод на власта, под команда на Митревски, беше само уште една алка во синџирот на тоталитаризмот. Како поинаку да се сфати улогата на овој Синдикат, којшто секој 1–ви Мај, наместо на протест, славеше со скара на зелена ливада; којшто не крена глава против ниту еден закон што беше на штета на крајно осиромашената работничката класа; којшто јавно со потпис, даваше поддршка на политиките на Груевски?!

Иако со овие оценки може некој и да не се согласи, сепак, останува прашањето: зошто токму синдикалците, кои требаше да го поддржуваат Митревски, јавно се оградија, и зошто поради демонстрираната нелојалност, со полиција беа иселени од просториите на ССМ, а меѓу нив, и синдикалци коишто целиот работен век го минале во оваа асоцијација, од времињата кога таа беше вистински репрезент на синдикалната борба.

 
loading...
 

Зошто ангажирано обезбедување, турканици, скршени сталка, вербални конфликти…? Зошто насилни, наместо синдикални методи? Па, „мецената“ Груевски пред година и пол поднесе оставка, а од 31 мај, и практично ја загуби моќта во државата! А сменетиот Митревски најавува нови тужби, се заканува, се жали…

Зошто толку „циркус“ Митревски!

Моника Талеска – civilmedia.mk

(72)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
Livada.mk е концепт на портал/блог каде сите поединци или организации може да објавуваат свои колумни, анализи, отворени писма, искуства, патеписи, хроники, поезија, раскази, рецепти, да објават некој настан во најава или некое свое аматерско или професионално видео. Ги очекуваме вашите материјали преку овој линк за да ги објавиме.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени