| 31.01.2018. ПО ДОМА

Квалитет наместо квантитет, а сега и научно е докажано. Еве ја причината заради која е подобро да имате само мал круг на пријатели. Можеби ви звучи смешно. Зошто би било подобро да имате помалку пријатели?

Дури од училишните клупи, отсекогаш било така, најпопуларните ученици имале нај голем круг на пријатели, а потоа и кога станале возрасни, тие ”cool” луѓе,  имаат повторно, нај голем круг на пријатели.

 
 

Но, една неодамнешна студијата од САД, заклучи дека многу голем круг на пријатели и не е толку добра работа за нас.

Долгогодишната студија објавена во американскиот часопис Child Development, следеше 170 млади од 15 до 25 години. Главната поента на студијата беше на пријателството, како и на физичката и психичката состојба на испитаниците. Кругот на пријателите со кои се дружеле учениците бил во центарот на вниманието. Испитаниците морале да дадат информации за своите блиски и доверливи луѓе во животот, како и информации за интеракцијата со нив.

  
 

Од тие информации, истраживачите процениле можни знаци на депресија, анксиозност, самопочитување и важност да бидат друштвено прифатени.

Резултатот на истраживачите бил изненадувачки. Најпопуларните деца од училиштето со голем круг на пријатели, на жалост не воделе нужно посреќен живот кога станале  возрасни. Покрај тоа, се покажало дека тинејџерите околу 15 години, кои имале помал број на пријатели, но подлабоки пријателства, подоцна по малку страдале од депресија.

Исто така, помалку омилените ученици во училиштето, подоцна имале поголема самодоверба и имале далеку помал проблем од социјалната фобија.

 
loading...
 

(47)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
29.01.2018. Ливадџија
30.01.2018. The Chef
31.01.2018. Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
    1. Кога преведувата,внимавајте мслку,лектура направете. Нсјголем...слеано се пишува придавкс во суперлстивна форма...истраживачи се- не истраживачи... Иритантно е ова!
      ( Цеца 2018-02-01 12:18:04 )
      Ми се допаѓа(0) Не ми се допаѓа(0)
    HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени