loading...
loading…


| 16.08.2017. ЕВОЛУЦИЈА

Постои ли поголемо уживање од чаша црно вино полна со сладок мирис, силен вкус и убава темно црвена боја? Имаме добри вести за оние кои го обожаваат овој пијалок – експертите велат дека црвеното вино е одлично за здравјето.

Научниците откриле дека ресвератролот кој го содржи црното вино го брани нашето тело од голем број бактерии. Но има и многу други здрави состојки освен ресвератрол кои црното вино ги содржи.

Французите, кои секојдневно пијат бар една чаша црно вино скоро и да немаат онколошки проблеми и прблеми со кардио-васкуларни заболувања иако нивниот начин на исхрана ги поттикнува овие болести. Научниците ова го нарекуваат Француски парадокс и веруваат дека ваквиот резултат е токму поради секојдневното конзумирање на црно вино.

Еве неколку научни факти за црното вино.

• Антиоксидантите кои ги содржи црното вино го заштитуваат телото од онколошки заболувања.

• Моносахаридите го подобруваат имунолошкиот систем.

• Ресвератролот помага при слабеење и ја нормализира брзината на метаболизмот.

• Црното вино е богато со полифеноли кои ги зацврстуваат вентилите во вашето срце и го подобруваат испумпувањето на крв во вените и артериите т.е ја подобруваат циркулацијата.

• Со подобрна циркулација и побрз проток на крв до мозокот се намалува и ризикот од појава на болеста Алцхајмер.

• Ресвератролот ги зацврстува капиларите во очите со што спречува појава на очни заболувања.

• И за крај, црното вино го намалува создавањето на хормонот адреналин со што го намалува и нивото на стрес во организмот.

Затоа раскомотете се, седнете во вашата омилена фотелја, сипете си чаша црно вино и уживајте додека виното прави чуда во вашиот организам.

Наздравје!

(22)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливада.мк
Livada.mk е концепт на портал/блог каде сите поединци или организации може да објавуваат свои колумни, анализи, отворени писма, искуства, патеписи, хроники, поезија, раскази, рецепти, да објават некој настан во најава или некое свое аматерско или професионално видео. Ги очекуваме вашите материјали преку овој линк за да ги објавиме.

Tags:



22.09.2017. Марјан Тодоровски
Ливада.мк
Душан Димитров

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • Mени