Австралиските затвори наскоро ќе ги смируваат затворениците со рибино масло

Пет австралиски затвори наскоро ќе станат најновите тест места за секојдневниот додаток во исхраната Omega 3. Тимот на истражувачи верува дека омега три – група масни киселини присутни во рибиното масло и некои јаткасти плодови, би можеле да бидат едноставен начин да се пацифицира насилното однесување на осудениците. Ова е идеја што може да изгледа чудно на прв поглед, но треба да знаете дека Omega 3 веќе поминале значително време зад решетки, односно кога би биле персона, би им се обраќале со “Џомба“.

supplements

Како и многу истражувања за витамини и додатоци, доказите дека омега-3 постигнуваат се од она што им се препишува дека постигнуваат се малку мешани. Тие имаат репутација кога станува збор за здравјето на срцето, иако мета-анализата покажала дека додатоците имале мал или скоро никаков ефект врз неповратниот билет од сериозните кардиоваскуларни болести. Освен ова, имаат репутација и за здравјето на мозокот, иако и тука повеќе се оди на “слепа верба“ отколку на докази.

Во ова истражување, д-р Барбара Мејер, професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот Волонгонг, и психологот Мич Бирн, имаат намера да испитаат друга наводна предлог од додатоците базирани на омега-3, а идејата е дека тие можат да помогнат да се спречи агресивно однесување. Ова е сфера на истражување која може да се проследи наназад до експериментите во затворите од раните 2000-ти. Многу од овие студии покажуваат значителни и издржани ефекти на суплементите врз агресивното однесување, но постојат и важни предупредувања кои треба да се земат во обзир.

 
 

Витамини, додатоци во исхраната и насилството во затвор
Истражувањево на Мејер и Бирн, кое првпат било објавено во 2016 година, е најновиот чекор во традицијата на истражувањата за исхраната базирана во затворите. Две често цитирани студии кои покажуваат ефекти од додатоците за исхрана врз однесувањето на затворениците се случајни, плацебо контролирани испитувања од 2002 година објавени во Британскиот магазин за психијатрија и во студијата од 2003 година објавена во “Evidence Based Medicine“ за британските затвореници осудени во затворите со максимална безбедност. Двете истражувања беа детално покриени од страна на Гардијан и Би-Би-Си.

Истражувањето од 2002 година, спроведено на 231 затвореник, откри дека оние кои зеле низа мултивитамини – вклучувајќи додатоци од омега-3 – извршиле 35,1 проценти помалку насилни инциденти по две недели од подложувањето на новиот режим на исхрана. Истражувањето од 2003 година, исто така спроведено на 231 затвореници, забележа намалување од 26 проценти во “антисоцијалното однесување кое резултира со дисциплинска акција”, откако почнале да внесуваат витамини и додатоци на исхрана.

Дополнително, постои уште една студија врз затвореници во Холандија од 2010 година, која се обиде да ги реплицира наодите на гореспоменатите две. Таму, тие откриле дека насилните инциденти биле намалени за 34 проценти. Контролната група пак, која не добила никакви суплементи, забележала зголемување од 14 проценти во насилните инциденти во текот на истиот период. За оваа студија тие не објавуваат никакви извори на финансирање, туку само дека го спровеле истражувањето во соработка со судот од Хаг.

prison

  
 

Што ќе се случува во австралиската студија?
Интересно, оваа австралиска студија исто така, се чини дека е независна, иако тие се хипер-фокусирани на Омега-3. Мејер и Бирн се обидуваат да истражат дали омега-3 конкретно ќе покажат ефекти врз однесувањето, процес што го започнале во претходна студија објавена во PLOS One. За таа студија и за оваа претстојната, тие добиле грант од австралиската влада.

“Во минатото, од пилот студијата, идентификувавме врска помеѓу количината на Омега-3 во крвта на една личност и степенот до кој тие ги изразуваат агресивните симптоми и симптомите на АДХД”, изјави Бирн. “Значи тој однос е воспоставен и сега сме во процес на интервентна студија за да видиме дали можеме да го поддржиме развојот и односот на луѓето”.

Истражувањето нема да започне се до 2020 година, но во оваа рана фаза, истражувачите се оптимисти дека нивните наоди можат да придонесат кон она што претходно го навестиле. Тие се надеваат дека ќе регрутираат 600 затвореници во пет затвори и ќе истражат како еден додаток на исхрана како омега-3 може да влијае врз однесувањето во текот на 16 недели.

(228)

loading...

Вашиот коментар