Американец собира мртви животни на пат и со тоа го храни семејството

 
 

Раф Керол од американската држава Вашингтон одлучил да заштеди на храна со тоа што го храни семејството со месо од животни кои настрадале на пат.

Кога бил мал тако му нашол елен на пат, го приготвил и го послужил, а кога Раф се оженил немале пари па почнал и тој да соира мртви животни на патот. Неговите ќерки се израснати со такво месо.

Гостите кои ги послужува често се изненадени кога ќе чујат што јаделе, но поизненадени се од вкусот на храната.

„Многу сум горд на тоа како собирам храна за моето семејство. Секако не би донесол нешто што е со лош квалитет. Многу брзо научувате да разликувате што може да се употреби, а што не е здраво. А, ако тоа не го земам, само ќе пропадне на патот“, вели тој.

Од лешот на еленот се добиваат 30 кг месо, со кое неговото семејство се храни со месеци.

Најголем „улов“ му е мечка.

„Од неа добивме 55 кг месо, а искористивме и многу маст. Нешто од тоа дадов на пријателите кои направија сапун, а некои пржат крофни со таа маст“, вели тој. Додава дека месото од мечка има многу сличен вкус на свинско.

(29)

Вашиот коментар