Археолозите открија голема римска градба во близина на Каиро

 
 

Археолози открија голема древна градба во Египет, во градот Мит Рахин, 20 километри јужно од главниот град Каиро.

Министерството за антиквитети соопшти дека археолозите пронајдоа недопрена градба, која вклучува голем тоалет од римскиот период, како и просторија за вршење на верски ритуали.

Мостафа Вазири, генералниот секретар на Врвниот совет за антиквитети, рече дека градбата најверојатно е дел од станбен блок во тоа подрачје, каде некогаш се наоѓаше главниот град на древен Египет – Мемфис.

Во Египет се надеваат дека откритијата од ваков тип ќе го поттикнат туризмот во оваа земја, вклучувајќи и разгледувањето на антиквитетите, кои ги има доста во Египет.

Во врска со пронајдениот верски објект, Мостафа вели дека тоа е интересна градба.

„Објектот е направен од блокови од цигла, како и надворешни ѕидови и внатрешни скалила“, рече Вазири.

(50)

Вашиот коментар