Аутизмот може да се дијагностицира уште при раѓање преку обичен тест за слушање

Тоа е познато како акустичен или “степедијален” рефлекс на тестирање и не е инвазивен, што значи дека може лесно да се користи и на бебиња без да им наштети

Една нова студија покажа дека аутизмот може да се дијагностицира при раѓање преку едноставен тест на слухот. Ова ќе дозволи и овозможи третманите да работат и да започнат со години пред да се развијат симптомите, а децата со аутизам ќе може да се дијагностицираат уште при раѓање.

Овој вид на техника ги мери притисочните промени што се случуваат во средното уво како одговор на звуците кои ја проценуваат чувствителноста како и времето на одговор на широк спектар на фреквенции. Тоа е исто така познато како акустично или “степедијално” рефлексно тестирање и не е инвазивно, што значи дека лесно може да се користи кај бебињата без да им наштети.

Со оглед на фактот дека постои силна врска помеѓу аудитивната дисфункција и аутизмот, студијата сугерира дека проблемите со слухот може да се следат за невро-развојното нарушување.

 
 

Ренди Кулеса, кој е професор по анатомија на Колеџот за остеопатска медицина во Пенсилванија, се надева дека ова ќе доведе до скрининг програма што ќе треба да ја поминуваат сите деца.

Како што вели за Дејли мејл: “Особено рано во животот, кога мозокот е многу пластичен вистинските рани интервенции би можеле буквално да го истренираат мозокот да ги премости тие дефицити. Лицето можеби нема да е совршено невро-типично, но таквите интервенции можат да ја подобрат функцијата на мозокот.”

Децата кои страдаат од нарушување на аутистичниот спектар (ASD) имаат тенденција да имаат проблеми со комуникацијата, социјалната интеракција и исто така се склони кон повторувачко однесување.

Поголемиот дел од овие случаи не се потврдуваат додека детето не е на околу четири години, што значи дека подоцна се започнати корективни терапии, кои во голема мера го одложуваат нивното влијание. Меѓу најраните и најконзистентни симптоми на почетокот е слухот, иако повеќето тестови имаат тенденција да се потпрат на говорот, што ги прави овие тестови многу неефикасни за доенчиња.

  
 

Акустичниот рефлекс е недоброволна контракција на мускулите што се случува во увото кога зборуваме или слушаме некакви бучни звуци. Мускулите на “средното уво” цврсто се собираат за да го заштитат деликатното внатрешно уво од оштетување.

“Знаеме дека огромното мнозинство луѓе со аутизам имаат некој вид на слушен проблем поврзан со абнормалности во мозокот, што значи дека овие проблеми ќе бидат присутни и ќе се детектираат при раѓањето”, рече Кулеза. Ако ова се потврди и со дополнителни тестирања, шансите за сите деца со вакви проблеми во голема мера ќе се подобрат, бидејќи наодите ќе доведат до создавање и на рани интервенции и третмани.

(743)

loading...

Вашиот коментар