Британија отвора затвор за трансродови лица

 
 

Во Велика Британија неделава ќе биде отворан првата затворска единица за трансродни лица, соопшти британското Министерство за правда.

Во тоа крило во рамките на женскиот затвор, во јужниот дел на Лондон засега ќе бидат сместени три лица ои се родени како мажи, но во меѓувреме станале жени, наведува ВВС.

Властите наведуваат дека тие три затворенички кои имаат сертификати за промена на полот, нема да имаат пристап до другите жени во затворот Даунвју. Минситерството за правда наведува дека безбедноста на затворениците е нивната најголема грижа.

Чекорот следува откако трансродовата затворечника Карен Вајт сексуално нападнала две жени додека била во притвор во Вејкфилд. Таа е осудена на доживотна робија поради сексуални дела.

Бројот на трансродови затвореници во Велика Британија не е лесно да се пресмета и тој постојано се менува. ВВС во август објави дека во Шкотска има 17 трансродови затвореници, а 125 во Англија и Велс, додека за Северна Ирска не се наведени податоци.

(13)

Вашиот коментар