Во Чернобил повторно ќе се произведува струја

 
 

Властите од Украина донесоа одлука како да се искористи загадената зона околу Чернобил. На местото каде се случи една од најголемите нуклеарни катастрофи, се изгради соларна електрана.

Објектот е на 100 метри од некогашната нуклеарна централа, со 1,6 хектари соларни панели, кои произведуваат електрична енергија за околу 2000 домаќинства.

Се очекува дека во иднина може да се зголеми капацитетот и да се постават соларни панели на поголема површина. Капацитетот на електраната сега е еден мегават, а планирано е да стигне до моќност и од 100 мегавати.

Земјиштето во овој реон се продава по премногу ниски цени, поради радијацијата.

(182)

Вашиот коментар