Вулканот Етна се лизга кон морето

Етна е активен страто-вулкан лоциран на источниот брег на италијанскиот остров Сицилија, во близина на Месина и Катанија. Тоа е, исто така, највисокиот вулкан во Европа – се издига на околу 3320 метри надморска височина, но треба да се каже дека самата висина зависи од ерупцијата. Така, Етна денес е за 51 сантиметар пониска отколку во 1865 година.

Етна е исто така еден од најактивните вулкани во светот – речиси е во непрекината фаза на ерупција. И покрај тоа што многупати предизвика огромна материјална штета, Етна, сепак, не се смета за претерано опасен вулкан – и така неколку стотици илјади луѓе живеат во нејзината сенка.

Сепак, она што малкумина го знаат е дека Етна се „лизга”  кон Јонското Море веќе неколку децении, и тоа 14 милиметри секоја година. Се разбира, ова не се случува брзо – истражувачите сликовито велат дека миграцијата на вулканот кон морето се одвива полека, дури и неколкупати побавно од растот на ноктите на нашите раце.

(60)

 
 

Вашиот коментар