Германската влада одобри трет пол во изводите

 
 

Лани во ноември, Уставниот суд на Германија објави пресуда со која се дозволува регистрирање на трет пол во регистрите. Сега и германската влада ја одобри таквата можност.

Одлуката на судот следуваше по жалбата на лице кај кое наместо пар хромозоми присутен бил само еден (X хромозом), но не и вториот хромозом. На лицето му било одбиено да го промени полот во изводот од матичната книга на родените од „женски“ во „поинаков“ т.е. „друго“.

Тогаш официјалните лица го отфрлија барањето на подносителот, повикувајќи се на закон кој дозволува децата да се регистрираат само како женски, машки, или да ја остават таа графа празна.

(118)

Вашиот коментар