Ги нарекуваа најубавите близнаци на светот, а еве како изгледаат девет години подоцна

 
 

Кога Џеки Клементс и нејзиниот сопруг добиле две слатки девојки на овој свет на 7 јули 2010 година, тие не ни претпоставувале дека нивниот живот ќе биде толку хаотичен. Се разбира, тие очекуваа двојно менување на пелени, непроспиени ноќи и врескање, но тие немале идеја дека близнаците ќе кренат волку врева на интернетот.

Ава Мари и Леа Роуз се родени четири и пол недели порано од очекуваниот термин. Џеки вели дека знаејќи ги нивните личности сега, има целосна смисла што тие се родени порано, ненајавени, подготвени да го заземат светот. Со текот на месеците кои поминуваа, девојчињата растеа во вистински убавици, а луѓето почнаа да забележуваат колку зачудувачки изгледаат.

Слушајќи ги коментарите и чувствувајќи ја убавината на своите ќерки, Џеки потпиша договор со модна агенција кога тие имаа само 6 месеци. Сепак, работите не испаднаа како што се замислуваше и наскоро се распадна договорот со агенцијата. Она што не можеше да замисли нивната мајка е дека неколку објави на Инстаграм ќе и сменат сè во животот.

Девојките продолжија да се развиваат и растат, а коментарите за нивниот изглед да се множат. Џеки вели дека луѓето ги запирале насекаде и ја прашувале за девојчињата. „Како што се сеќавам, непознати ми се приближуваа и ме прашуваа дали се близнаци… Следниот коментар секогаш беше “ Леле, тие се толку убави, треба да ги запишете во модна агенција.„

По неуспешниот прв обид, Џеки била нервозна за враќањето на девојчињата во модната индустрија. Сепак, кога девојчињата наполниле по 7 години, работите се промениле. Џеки го зграбила моментот кога сфатила дека тие се подготвени за светлата под рефлекторот.

По многу кавги и збрки, Џеки успеала да направи навистина неверојатни слики на своите ќерки. Тие ги поставија на својот Инстаграм профил и за секунда го освоија Интернетот. Агентите се нуделе да ги запознаат девојките. На крајот, тие потпишале договор со две агенции од Калифорнија, и оттогаш цело време се букирани.

(258)

Вашиот коментар