Гугл: Хакирани веб страни го години ги хакираат IPhone-ите на корисниците

 
 

Во она што може да се опише како еден од најголемите напади против корисниците на iPhone откако е излезена оваа скапа играчка, истражувачите од Google велат дека откриле серија хакирани веб-страници што испорачувале напади дизајнирани за хакирање на iPhone. Веб страниците ги доставуваа своите малициозни напади неселективно, биле посетувани илјадници пати неделно и биле оперативни со години, соопштија од Гугл.

“Немаше никаква целна дискриминација, доволно беше едноставно да се посети хакираната веб страна и тоа беше доволно за хакерскиот сервер да го нападне вашиот уред и ако тоа биде успешно, инсталира имплант за мониторинг. “, вели Јан Бир од „Проект Нулта“ на Гугл.

Во овој случај “имплантот е првенствено насочен кон кражба на датотеки и испраќање на податоци за локацијата на корисникот во живо. Имплантот бара команди од серверот за команди и контрола на секои 60 секунди”, пишува Бир.

Имплантот исто така има пристап до базата на телефонот, кој може да содржи лозинки, како и базите на податоци на разни апликации за криптирани пораки, како што се Telegram, WhatsApp и iMessage.

Добра вест е што имплантот нема упорност, односно ако корисникот го рестартира својот iPhone, тој ќе го избрише малициозниот софтвер.

Претходно документираните напади биле повеќе насочени по таргети, на конкретни корисници и броеви, обично преку текстуална порака испратена до целта, заедно со линк до злонамерен сајт.

„Овие чекори укажуваат на хакерска група која вложува постојан напор да ги хакира корисниците на iPhone телефони во одредени заедници во период од најмалку две години“, додава Бир.

Од „Епл“ за сега се затечени и не се дава никаква изјава….

(7)

Вашиот коментар