Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

 
 

Најново истражување покажа дека на мажите повеќе им се одвлекува вниманието од возењето во споредба со жените возачи.

Истражувањето што го спроведе адвокатската компанија Smith’s Lawyers опфати 2.214 возачи во САД на возраст од 18 до 65 години.

Дури 70% од испитаниците рекле дека вршат некоја друга активност зад воланот што им го одзема вниманието од возењето.

Резултатите покажуваат и кој пол повеќе повеќе е наклонет кон фактори што го одземаат вниманието при возење. На пример, мажите за 22% повеќе ги користат смартфоните додека возат и 74% почесто го вртат воланот со колено додека возат, во споредба со жените.

Мажите исто така 70% повеќе гледаат видео додека возат, а се значително понеодговорни од жените возачи кога станува збор за пропуштање пешаци.

За едно негативно однесување во сообраќајот и двата пола се речиси подеднакво виновни – истражувањето покажа деа 58,9% од мажите и 58,2% од жените опфатени во истражувањето јадат и пијат додека возат.

Американската национална агенција за безбедност на патиштата (NHTSA) нагласува дека ризикот за сообраќајна несреќа се зголемува и до 80% кога возачот јаде или пие додека управува со возилото, а причина за 65% од сообраќајките е токму оваа споредна активност зад воланот.

(30)

Вашиот коментар