Девојките некогаш „паѓаа“ на доктори, но статистиката денес покажува други факти

 
 

Девојките порано се воодушевувале на доктори, но повеќе не е така. Дамите најмногу сакаат дизајнери за ентериер, покажува истражувањето на апликацијата Тиндер.

На второ место се пилотите, па потоа се вработените во здравство, па адвокатите, ПР експертите, продуцентите.

Момците, од друга страна, и понатака „паѓаат“ на медицински сестри, па на заболекарки, а одлично се пласирале и учителките и стјуардесите.

Како што велат научниците, момците и понатаму бираат девојки со традиционални кариери, додека девојките сега „паѓаат“ на момци со стил.

Сепак, сѐ уште се ценети и традиционалните машки професии, како пилот и адвокат, а забележано е и дека на листата се наоѓаат многу професии кои претходно биле „резервирани“ за припадничките на понежниот пол, како првопласираниот дизајнер за ентериер.

До овие податоци научниците дошле преку споредување на професијата и популарноста на корисникот. Предвид се земени само профили на корисници од САД, такашто, останува да се види во некое друго истражување, на што „паѓаат“ жителите на другите земји.

(44)

Вашиот коментар