Евентуална лабористичка влада во Велика Британија би можело да значи декриминализација на сите дроги

 
 

Евентуална Лабуристичка влада во Велика Британија, би можела да размисли за декриминализација на сите нелегални дроги доколку тоа го препорача кралска комисија.

„Нема ништо поважно од зачувувањето на животот на нашите граѓани“, изјави Дајан Абот, високо позиционирана кај лабористичката партија, за „Сандеј тајмс“. „Нашиот сегашен пристап кон дрогата едноставно не го прави тоа“.

Таа вели дека партијата „ќе формира кралска комисија за независно разгледување на сите нелегални дроги и закони поврзани со лекови, со цел решавање на проблемите поврзани со јавното здравство“.

Лабористичката влада тогаш ќе ги следи препораките од таа комисија, доколку предложи декриминализирање на некои или сите дроги, вклучувајќи кокаин и хероин.

Исто така, ќе биде разгледана и сегашната политика на клиниките за превенција од предозирање – државни објекти каде што корисниците на дрога можат безбедно да се оддаваат на својот порок, изјави г-ѓа Абот за весникот.

Португалија, која ги декриминализираше сите дроги во 2001 година, оттогаш бележи намалување на дијагностицираните со ХИВ, вирус кој во голем процент се припишува на користењето нестерилизирани игли и други алатки за инјектирање. Инаку и бројот на зависници од тешки дроги е многу помал во однос на тој во Британија.

(126)

Вашиот коментар