Еве како сексуалните работници во Амстердам имаат бенефит од тоа што индустријата им е легална и признаена

Red Light District е една од најфреквентните локации за туристите кои го посетуваат Амстердам. Секоја вечер, без промашување, местото е исполнето со локални жители и странци кои се во потрага по добро потрошено време или само бараат да видат за што се крева толку врева.

Додека може да видите неколку десетици проститутки стоејќи покрај нивните масивни прозорци, треба да се знае дека всушност има околу 8.000 активни работнички во целиот Амстердам.

Холандија е една од неколкуте земји во Европа – вклучувајќи ги Германија, Швајцарија, Австрија, Унгарија, Грција и Латвија – каде што проституцијата е легална и регулирана.

Тоа е легално во Холандија од почетокот на 1800-тите, но дури во 1988 година проституцијата е признаена како легитимна професија.

 
 

Image result for red light district in amsterdam

Сега, бидејќи работата е законска и регулирана, тоа значи дека на проститутките им се доделени истите основни права и одговорности како и секој друг. Тие имаат право на здравствено осигурување, инвалидска пензија, имаат синдикат на работници и имаат слободен пристап до неограничен број на проверки за СПБ (Сексуално преносливи болести), но исто така тие мора и да плаќаат данок на нивните приходи.

Од донесувањето на регулативата, полицијата го зголемила своето присуство во областа за да се подобри безбедноста.

Related image

  
 

Сексуалните работници исто така имаат панични копчиња сместени во нивните бордели, ако дојдат во контакт со насилни клиенти. Бидејќи тие се дел од холандската работна сила, тие автоматски се во подобра позиција да изнесат обвинение за наводен физички или сексуален напад, во споредба со тоа кога нивната професија не би се сметала за законска работа.

(225)

Вашиот коментар