Жените во Југославија имале „магични“ раце: Тоа што тие можеле да го прават, ние не можеме ни да го замислиме!

 
 

Некогаш порано во Југославија, луѓето живееле поинаку. Денешната младина родена после 1990 година, многу е тешко да разбере што значи тоа штиркани кошули или штепувани фармерки.

Еве што правеле жените во Југославија, а денешните девојки тоа не би можеле ни да го замислат:

Вриење на постелнината за да добие бела боја

Денешните постелнини се уметничко дело. Бои во сите нијанси на виножито, прекрасни принтови… Порано сите постелнини биле со бела боја, а за да се сочува таа белина, жените со часови во лонци на шпорет ги „вареле“ чаршафите и јастучниците со сода бикарбона и сапун.

За време на ладните денови во водата додавале и сол, за алиштата да не се замрзнат од ниските температури.

Кога нашите баби биле млади девојки, постелнината не се перела за време на зимските денови. Се переле само ситни работи како што се долна облека и детски пелени. Напролет, кога снегот ќе се растопел, домаќинките переле купишта валкан облека што ја собирале во текот на зимата.

Во средина на 60-те години се појавиле првите машини за перење алишта, кои на обичните граѓани им биле достапни дури во текот на 80-те години. Ако поседувале машина за перење алишта, жените се чувствувале како кралици. Тие години, секоја жена ја нарекувала својата машина „моја пријателке“.

Штиркање

Денес на интернет постојат форуми на кои се објаснува постапката на штиркање облека. Ова не е случајност. Всушност, штирканите работи го задржуваат обликот, помалку се гужваат и подолго остануваат чисти. Порано сè се штиркало, од кошули до прекривки. За да го направите тоа, после перењето облеката треба да се стави во раствор од скроб, а потоа да се исцеди и да се исуши.

Крпење чорапи

Денес скинатите чорапи веднаш ги фрламе во канта за ѓубре. Порано тоа не било така. Ако облеката случајно се искинела, таа се крпела, па дури и чорапите. Жените со бескрајно трпение крпеле чорапи, па дури и долната облека на своите деца, а сето тоа го правеле за да заштедат.

Вез на облеката

Кога ќе се скинела облеката, жените со комплициран вез ги покривале настанатите дупки. Тој вез бил толку вешт што тоа прераснало во уметност.

Подоцна, кога машината за шиење станала составен дел од секое домаќинство, жените шиеле облека за себе и за домаќинството, а материјалите се купувале на големо. Штирканите фармерки станале хит, па се крпеле и оние кои не биле скинати.

Правење домашно сирење

Жените знаеле како да го искористат млекото на најдобар можен начин. Млекото било ценето како злато. Тие знаеле како да направат сирење, сурутка, кефир, кисело млеко… Сè!

Што знаеле вашата мајка или баба да го направат, а вие сте немале потреба да го научите тоа?

(166)

Вашиот коментар