Засвири нешто Морган Фримане…

 
 

Џими Хендрикс се реинвентираше како актерот Морган Фримен во 1970-тите, кратко време по „лажирањето на сопствената смрт“, тврди бизарната нова теорија на заговор.

Според теоретичарите на заговор кој главно се шири низ интернетот, ненадејното покачување на славата на Морган Фримен во 1970-тите се случило откако Хендрикс “наводно“ починал на 18 септември 1970 година.

Сепак, малку веројатната теорија има свои дупки. Како што посочува еден корисник на интернет, Фримен ја започнал својата актерска кариера дополнителни пет години пред Џими Хендрикс да го има својот прв настап во јавноста. (Можеби Хендрикс е Фриман, а не Фриман да е Хендрикс, којзнае..)

Morgan Freeman is Jimi Hendrix, researchers claim

Исто така, Фримен беше во САД додека траеше снимањето на „Фатен на средина“ додека Хендрикс во исто време е на турнеја низ Европа непосредно пред неговата смрт. Ова би ја направило теоријата за раѓањето на Фриман од Хендрикс во нешто неверојатно!

Бизарната теорија во кратки црти ви е претставена подолу…

Џејмс Маршал „Џими“ Хендрикс (роден Џони Ален Хендрикс; 27.11.1942 – 18.09.1970) беше американски гитарист, пејач и текстописец. Иако неговата главна кариера траеше само четири години, тој нашироко се смета за еден од највлијателните електрични гитаристи во историјата на популарната музика и еден од најпознатите музичари од 20 век. Рок н Рол салата на славните го опишува како „веројатно најголемиот инструменталист во историјата на рок музиката“.

Роден во Сиетл, Вашингтон, Хендрикс започнува да свири гитара на 15-годишна возраст. Во 1961 година се приклучува на армијата на САД, а му беше доделен почесен отпуст следната година. Набргу потоа, тој се преселил во Кларксвил, Тенеси и започнал да свири свирки локално, заработувајќи си место во бендот за поддршка на браќата Исли, а подоцна и со Little Richard, со кого продолжил да работи до средината на 1965 година.

Потоа, тој свирел со Curtis Knight и Squires пред да се пресели во Англија кон крајот на 1966 година, откако беше откриен од Линда Кит, која, пак, го заинтересирала басистот Час Чендлер од Animals да стане неговиот прв менаџер. За неколку месеци, Хендрикс гази со три од најдобрите десет хитови во Велика Британија со Jimi Hendrix Experience: “Hey Joe”, “Purple Haze”, и “The Wind Cries Mary”. Постигна слава во САД по настапот на Монтереј Поп фестивалот во 1967 година, а во 1968 година неговиот трет и последен студиски албум Електрик Лејдиленд стигна до број еден во САД. Тоа беше најкомерцијалното издание на Хендрикс и неговиот прв и единствен број еден албум.

Станува највисоко платениот изведувач на светот, главна фаца на фестивалот Вудсток во 1969 година и на Isle of Wight фестивалот во 1970 година пред неговата случајна смрт од асфиксија поврзана со злоупотреба на барбитурат, на 18 септември 1970 година, на 27-годишна возраст.

Морган Фримен (роден на 1 јуни 1937 година) е американски актер, филмски режисер и наратор. Фримен доби номинација за Оскар за неговите настапи во Street Smart, Driving Miss Daisy, The Shawshank Redemption и Invictus, а доби и Оскар за најдобра споредна улога во 2005 година за Million Dollar Baby. Тој исто така е добитник на награда Златен глобус. Фримен се појавува во многу други филмски хитови, вклучувајќи ги Unforgiven, Glory, Robin Hood: Prince of Thieves, Seven, Deep Impact, The Sum of All Fears, Bruce Almighty, Аlong Came a Spider, Dark Knight Trilogy, March of the Penguins , Lego movie и Lucy. Тој е познат по неговиот карактеристичен мазен, длабок глас. Тој своето прво појавување на големите екрани го има како дел од актерската екипа на The Electric Company.

Автомобилска несреќа

Фримен е повреден во автомобилска несреќа во близина на Рулевил, Мисисипи, ноќта на 3 август 2008 година. Возилото во кое патувал, Нисан Максима од 1997 година, излетало од автопатот и се превртело повеќе пати. Фримен бил однесен со медицински хеликоптер во Регионалниот медицински центар (Меда) во Мемфис. Полицијата тогаш го отфрли алкохолот како фактор за несреќата. Фримен бил кохерентен по несреќата, бидејќи се пошегувал со некој фотограф кога го фотографирање на местото на настанот. Левото рамо, раката и лактот биле скршени во несреќата, а тој имал операција на 5.08.2008 година.

Лекарите работеле четири часа за да ги санираат нервните оштетувања во рамото и раката. Тој изјави дека е леворак, но дека не може да ги движи прстите на левата рака. Тој носи наракавица за компресија за да се заштити од згрутчување на крвта поради тоа што не ја движи раката.

Мејер, неговиот сопатник од несреќата, го тужел за небрежност, тврдејќи дека ноќта кога се случила несреќата Морган пиел алкохол. Подоцна, тужбата била повечена.

Сега ако верувате на вакви срања како теоријава, вие сте вонземјани. Ако не, супер.

Инаку, што прави Морган денес? Фацата е сопственик на бар во Мемфис во кој се свири музика во живо. Језиво а?

(219)

Вашиот коментар