Здравје полно пластика – кесичките со чај испуштаат милиони честички на микропластика

 
 

Како што светот станува се поизопачен, онаа Грета ни изгледа се посмешна, така и наредниот пат кога ќе се одлучите за топла чаша со чај, помислете на фактот дека најверојатно кесичката ќе ве “оздрави“ со милиони честички со микропластика, според најнови истражувања.

Како што може да претпоставите, кесичките со чај се прават едноставно од чај и хартија, всушност, околу 96% од нив содржат полипропилен (пластика!), хемиска супстанција што се користи за запечатување и обезбедување на нивна форма.

Во последно време, голем број светски брендови успеаја да ја искоренат хемикалијата целосно од нивните производи но, бидејќи другите се уште продолжуваат да работат на изнаоѓање “здраво“ решение, значи дека сепак многу од нашите омилени чаеви сè уште содржат пластика.

Getty

До овие сознанија се дошло откако, истражувачите од универзитетот МекГил ги интересирало дали кесичките со чај можат да ослободуваат микро и нанопластика во пијалокот за време на подготовката.

За да ги спроведат своите анализи, истражувачите купиле четири различни чаеви за комерцијална употреба. Истражувачите потоа ги исекле кесичките, ги отстраниле тревките од нив и ги измиле празните кесички. Потоа, ги потопиле кесичките во вода која ја загревале за да симулираат услови за приготвување.

Користејќи електронска микроскопија, резултатите откриле дека една од кесичките пуштила околу 11,6 милијарди микропластични и 3,1 милијарди нанопластични честички во водата.

Getty

Она што е пострашно, истражувачите изјавуваат дека овие нивоа се илјадници пати повисоки од оние претходно објавени за содржани во друга храна.

Во следниот експеримент, за да се провери нивото и потенцијалот за штетност по здравјето на овие микропластики, тимот на истражувачи третирале еден вид водни болви кој често се користи при тестирања за микропластика, со различни дози на микро и нанопластика од вреќички со чај. Иако животните преживеале, резултатите покажале анатомски проблеми и абнормалности во однесувањето.

Минатата година, Клипер – еден од најголемите брендови за чај во Велика Британија, објави дека започнува да користи кесички за чај направени од банани.

Додека чекаме нашиве произведувачи на чај да фатат приклучок со светот, најдобронамерно ви препорачуваме да го пиете само она што ќе си го наберете од росна ливада.

(386)

Вашиот коментар