Земањето парацетамол во текот на бременоста поврзано со хиперактивноста на децата

 
 

Жените кои земаат парацетамол за време на бременоста може да го зголемат ризикот нивните деца да станат хиперактивни.

Истражувачите од Универзитетот во Бристол откриле поврзаност помеѓу внесот на парацетамол и хиперактивноста кај децата, при што момчињата имаат поголема веројатност да бидат позасегнати од девојчињата.

Истражувачите ги анализирале податоците од истражувањето кое започнало во Бристол од 90-тите години, во кои истражувачите испитувале 14.000 деца на возраст меѓу шест месеци и 11 години, а ја тестирале и нивната меморија и интелигенција се до 17-годишна возраст.

Getty

Исто така, ги испитувале и мајките, од кои 43% признале дека земале парацетамол „понекогаш“ или почесто кога биле бремени.

Главниот автор на студијата, професорот Жан Голдинг изјави дека земањето лекови против болки додека мајката е бремена може да доведе и до други проблеми кај децата, како астма.

“Нашите сознанија се како дополнителни докази за можните негативни ефекти од земањето парацетамол за време на бременоста, како што се проблемите со астма или однесувањето кај децата. Овие резултати ги засилуваат советите дека жените треба да бидат претпазливи при земање лекови за време на бременоста и да бараат медицински совети кога и да е потребно “, објасни таа.

Getty

Истражувачите сега бараат начин да направат дополнителни истражувања на оваа тема со цел да разберат дали прашањата со однесувањето може да бидат привремени или трајни.

“Важно е нашите наоди да бидат тестирани во други студии – не бевме во состојба да покажеме причинско-последична врска, туку асоцијација помеѓу два исходи. Исто така, би било корисно сега да се процени дали постарите деца и возрасните се ослободени од хиперактивноста ако нивната мајка земала парацетамол во текот на бременоста“, додава професорот Голдинг.

(93)

Вашиот коментар